Тотенхем и Ливерпул вечерва од 21 часот играат за титулата во Лигата на шампионите.

Англиското финале е во фокусот на вниманието вечерва во Европа, домаќин е Мадрид кој е преполн со Англиски навивачи, тие лудуваа вчера во центарот на градот.

Стадионот „Ванда Метрополитано“ е распродададен од поодамна, билети нема, на црно се продаваат по астрономски суми, УЕФА ургира да не се купуваат влезници на црно.

Тотенхем е дебитант во финалните натпревари, Ливерпул вече играл за титулата која ја има освоено пет пати, последен трофеј во ова натпреварување освои во 2005 година.

Изразит фаворит нема, затоа се очекува неизвесно и интересно финале.