Тотенхем на „Вембли“ со фаворитска улога го пречекува тимот на Борусија Дортмунд, осминафинале во Лигата на шампионите прв натпревар .

Тотенхем е во извонредна форма во Премиелигата , има три победи на последните три меча со шест постигнати и два примени гола. Англичаните сонуваат за четвртфинале во кое последен пат играле во сезоната 2010/11, сега гледаат голема шанса за повторување на овој резултат во Лигата на шампионите. Кејн и Али не се во комбинација за вечерашниот натпревар и менаџерот Маурисио Покетино има мали проблеми.

Борусија Дортмунд не знае за победа три натпревари во низа во Бунделсигата, одигра три нерешени со 7:8 гол разлика, последен пат запиша победа против Хановер со 5-1 во домашното првенство. Тренерот на „милионерите“ Лусиен Фавре истакна дека очекува тежок натпревар на кој фаворитската улога му ја препушти на Тотенхем.

Статистиката не фаворизира никого, ова ќе биде петти дуел, имаат по две победи а Дортмунд има подобра гол разлика 7:6. Натпреварот се игра на „Вембли“ и започнува од 21 часот.