,,Магаре да кандидира опозицијата, ќе победи“-(стара народна)

Пишува: Емилија Лазаревска

(додуша ФБ статус, ама нека биде модерно)

Што е тоа, секој ден го гледаш, газиш по него, расте, се надоградува, надогрдува, плукаат на него, дотураат, истураат, замочуваат и луѓе и кучиња? Ѓубрето наше македонско. Домашно. Со години. Ништо не е мрднато.

Дали ви е убаво кога ќе излезете од дома? Дали сте задоволни од околината? Од изгледот на вашата општина, улица, држава? Од градоначалникот, министерот, директорот, премиерот, претседателот? Што прават сите тие за вас? Ама онака директно, да се чувствувате убаво? Да ви е милина кога ќе излезете во вашиот град, во Скопје?

Дали сте задоволни од вашите сограѓани, од вас лично, што ви фали? Што правите вие лично да се смени тоа? Како реагирате? Дали воопшто правите нешто?

Јас еве моментално се нервирам со мајсторите што го реновираат купатилото на комшијата, и кои ај што ми прават ѓубре во двор, ќе истрпиме, та сите реновираме по нешто од време на време, туку ги фрлаат и пикавците и за почеток им ги враќам преку прозорецот кој е отворен за да излегува прашината. Тоа правам моментално. Ете на тоа ниво сме во државата, која има многу поголеми проблеми од овие моите, секојдневни. И ваши се, ама не ве тангираат. Повеќето.

Не дека ќе му го заборавам интервјуто на нашиот премиер, со кое длабоко ме навреди, ама сакам да им кажам воопшто да не трошат пари и да не ставаат кандидат за градоначалник во мојата општина Аеродром. Оти после оваа катастрофа, како вели нашиот народ, магаре да стави опозицијата, таква каква што е никаква, ќе победи.

Толку од ФБ статусот. И тоа е нели модерно. Додуша малку е подолг статусот како за таков крај, ама ај да бидам во тренд. 

п.с. Читам утрината ,, Секоја десетта госпоѓа во Скопје е со српско потекло и овие жени ги воспитуваат децата да ја мразат Бугарија“- анализирал бугарскиот историчар и универзитетски професор(ни помалку, ни повеќе), Трендафил Митев. Идиот.

,,Австрискиот експерт Гунтер Фелингер бара Македонија да се откаже од празнување на „11 октомври“ и „23 октомври“ за да не ја лутиме Бугарија во преговорите“-хахаха, посебно за првиот празник. Вториот и беше воведен за да ги нервираме. Непрокопсаник.

Онака, без дипломатски ракавици. По урнекот на нашите соседи, Бугарите, кои замислете, во 21 век пред очите на целата МЕЃУНАРОДНА и онаа стара…..Европа, сакаат да не побугарчат.

Ах да може од негде да види Калеш Анѓа што ни прават...за црвени бугарски пасоши.

Ах, да. Село гори, Апасиев и Левица се чешлаат. Им се може.

( Емилија Лазаревска е основач и Главен и одговорен уредник на портал АКО.мк. Професионален новинар е од 1986 година, кога, како студент на новинарство, почна да работи како хонорарен соработник во Телевизија Скопје, каде стекна богато новинарско искуство. На почетокот на деведесетите беше вработена во МТВ на неопределено време. Во 1998 година ја напушти МТВ и оттогаш, од самите почетоци и формирањето на телевизијата, па сѐ до 15 јуни 2016 година, работеше во Телма како новинар и уредник. Во нејзината 18 годишна кариера во Телма учествуваше во формирањето на редакцијата на вестите, а 13 години беше Одговорен уредник на вести)