На ФБ страницата на СДСМ е објавена заедничка фотографија на неколу членови на СДСМ, со мустаќи, кои се носат во ноември како симбол на борбата за машкото здравје.

Група пријатели од Австралија пред 11 години во еден неврзан разговор за ретро модата и враќањето на трендовите си поставувија предизвик да негуваат мустаќи цел месец, да најдат луѓе кои ќе го спонзорираат нивниот „потфат“ и тие средства да бидат уплатени на фондации и организации кои работат на пронаоѓање на лек за ракот на простата.
Отогаш ноември е месец на машкото здравје, масовно поддржан во целиот свет.