Мажи и жени се истепаа за паркинг во Аеродром(видео)

Вчера, според очевидец кој го постави видеото на твитер, дошло до жестока расправија, а потоа и тепачка меѓу две семејства за паркинг во Аеродром.

Се гледа дека мажите се пресметуваат меѓусебе на едната, а жените на другата страна. Притоа едната од нив е неверојатно агресивна кон другата и буквално ја претепа треснувајќи ја на земја. Се чини од снимката дека повозрасната со светла коса, тепа помладо девојче од себе влечејќи ја за коса и трескајќи ја од земја, а потоа ја налегнува и крвнички ја удира.

Видеото во меѓувреме е тргнато од твитер профилот кадешто беше поставено, но снимката е раширена низ интернет и порталите и е зачувана.