Маж се самоуби и предизвика трагедија

Еден маж, кој се самоуби фрлајќи се под тркалата на еден камион на автопатот Суботица-Нови сад, предизвика дополнителна трагедија откако возач на автомобил Мерцедес, обидувајќи се да го избегне телото се заби во оградата, а потоа и во камионот кој стоел во непосредна близина.

Две деца на возраст од 5 и 8 години од автомобилот загинаа на место, а совозачот е тешко повреден.

 

Според српските медиуми, несреќата се случила ноќеска околу 1 и 30, а мажот скокнал под тркалата на камион со македонски регистерски таблички управуван од 52 годишниот возач Н. Димов.

38 годишниот возач на Мерцедесот и останатите патници во автомобилот се австриски државјани, а патувале кон Косово.
Загинатиот маж што си го одзеде животот уште не е идентификуван.
Фото-архива