Маж уапсен во воз во Англија поради неносење маска и отпор кон полицијата(видео)

Драматична снимка од апсење на 34 годишен патник во воз во Англија кој не носел заштитна маска, одбивал да стави, го навредувал полицаецот и давал отпор .

Shocking footage of a man being arrested standing up for his exemption rights not to wear a mask.

Posted by UK Lockdown Truth on Thursday, September 3, 2020

Медиумите нагласуваат дека патникот Ентони Болдвин е татко на 5 деца и дека се враќал од работа.

Тој одбива да носи заштитна маска, бидејќи не верува дека таа ќе му помогне, а подоцна во полиција во своја одбрана изјавил дека добива напади на паника кога ја носи.

Полицискиот службеник бил повикан во јавниот транспорт од двајца патници кои се пожалиле дека Болдвин не носи маска и кашла кон нив.

Пред да се случи инцидентот со апсењето, кој е снимен од друг патник, полицаецот го предупредува да стави маска на лицето, бидејќи во Англија е на сила задолжително носење маска во јавен транспорт и во затворен простор.

Велика Британија сѐ уште се соочува со високи бројки на заразени од корона вирус.