Македонецот од Австралија Борис Трајков уапсен и осомничен за проневера на хуманитарни донации

76 годишниот Борис Трајков, Македонец кој долги години живее во Австралија, е обвинет за сериозни кривични дела поврзани со дрога и проневера и исчезнување на милиони долари од хуманитарната организација која ја помагал и со која активно соработувал, пишуваат австралиските медиуми.

Според ABC , Трајков кој бил награден и со Орден на Австралија за заслуги за македонската заедница, од документите со кои располага,вели дека  се дознава дека Викторијанската мултиетничка славјанска асоцијација, со која соработувал Трајков , поднела приговор до окружниот суд во државата Викторија дека од завршната сметка недостасуваат 2 и пол милиони долари.

Здружението е ликвидирано минатата година заради неплатени долгови, а ликвидаторите го сомничат Трајков за проневера на овие пари кои во готово биле уплатувани од родители за услуги и грижи на децата. Истото здружение повторно е рестартирано, но со друго раководство и жиро сметка.

Трајков исто така не објаснил и каде се 700 илјади долари повлечени од здружението, како и 190 илјади долари префрлени пари од сметката на здружението на сметка на неговата сопруга Слободанка Трајкова.

Изминатиот понеделник осомничениот давал изјава пред судот во Викторија, а за време на рочиштето со видео линк била вклучена во живо неговата сопруга , но неа ја прашувале за други дела поврзани со прекршоци во сообраќајот , каде се претставувал под друго име.

Слободанка Трајкова рекла дека не знае ништо за тоа и дека нема што да каже.

Еј Би Си кусо разговарале со Борис Трајков, но тој негирал било какав вина.

Инаку, Трајков во седумдесетите години од минатиот век во Австралија бил апсен и суден за поседување марихуана, одгледување канабис, а бил следен заради наводни блиски врски и недозволени шпионски работи за одредени југословенски дипломати.

Фото:Десно-Борис Трајков, лево Трајко Велјановски