Тони Мaтичевски, Австралиец со македонско потекло, последните неколку години е лидер во модните случувања во оваа земја .

Тој со своите необични креации ги освојува модните писти во женската мода и пред сѐ женскиот моден свет.

Порталот The trend spoter од Австралија, направи интервју со овој дизајнер во кое го претставува како ,,еден од најталентираните дизајнери на денешницата“.

,,Потребна е само една средба со моделите на Тони Матичевски, за да се вљубите во убавината и сложените детали на неговите дизајни. Тони не е само еден од најталентираните дизајнери, но неговиот мирен и нескротлив глас, уметничкиот пристап, бескрајната креативност и страста за модата се вистински волшебни. Пистата на Тони Матичевски претставува магичен букет од меланхолија, романса и сензуалност што ги допираат срцата на многумина“-пишува порталот.

Модна ревија на Матичевски

,,Овогодинешниот Тркачки карневал во Мелбурн, беше веројатно најголемата модна ревија во која сум бил вклучен. Секогаш е возбудливо да ги облекувам моите клиенти. Беше волшебно да се видат жени кои ги носеа моите парчиња и колку се вложија себеси во целата приказна. Тоа беше вистинско задоволство“-вели Матичевски.

Еден од моделите на Матичевски

Тој беше прашан колку влијае македонската култура на неговите модели.

,,Не можам да кажам дека влијанието е директно. Индиректно, се сеќавам на македонската култура, таа живее во мене и оживува секогаш како слободна и бескрајна радост, како меланхолија, тоа е во крвта, со сета моја страст и среќа”-вели Матичевски

Модна ревија 2015

Тони Матичевски е роден во Мелбурн, Австралија, Има 42 години. Неговите родители емигрирале уште во времето на СФРЈ.

За него пишува VOGUE, а поседува модна интернет страница ferfetch.com, на која се продаваат негови модели, онлајн, а цените се движат од 1.000 австралиски долари , па нагоре.