Македонизираниот Албанец Манојлоски од ДУИ се понуди да биде мост меѓу Македонците и Албанците

Најстариот пратеник во македонскиот Парламент Бранко Манојлоски од ДУИ денеска се обрати на македонски јазик од говорницата и како македонизиран Албанец, како што рече, се понуди да биде мост за помирување .

Откако се претстави, рече дека сите во Парламентот се убави и му се драги, но дека не разбира зошто не се разбираат меѓу себе. Манојлоски рече дека ги разбира сите, бидејќи тој учел во македонски школи, на македонски јазик, но всушност е по потекло Албанец кој во минатото бил македонизиран. Понудата за помирување потекнува токму од овие факти, рече Манојлоски и заблагодари што му дале право од една минута да се претстави и да се обрати.

Видео:а1он