Македонската ракометна репрезентација вечерва се среќава со Шпанија, четврто коло во групата „Б“ на Мундијалот во Германија  и Данска. Шпанија која е актуелен Европски првак е голем фаворит на оваа средба, со оваа селекција досега сме играле шест пати и никогаш не сме ја победиле. На Македонија и е потребна барем една победа за пласман во главната фаза  и настап во Келн, се чини дека шансата ке ја бараме против Исланд во последното коло во Минхен. 

Капитенот Кирил Лазаров најавува дека нема да играме со „бело знаме “ против Шпанија, сепак ке биде тешко  против оваа репрезентација да се надеваме на бодови , но ако ни се укаже шанса ке ја искористиме вели селекторот Раул Гонзалез.


Треба да играме најдобро што знаеме и можеме, само така ќе имаме шанса. Шпанија има добри, искусни играчи, тие се фаворити, но сигурен сум дека ако ни се укаже шанса  дека ке ја искористиме – изјави Гонзалез. 

Македонија вечерва со Шпанија  игра со почеток од 20-30 часот, со пренос на МТВ 1   и Аренаспорт 1.