Македонија дише! Гази Баба позитивен рекордер само со 1 мг ПМ честички

По неколку месечно труење на граѓаните на Македонија, а посебно на Скопје, Куманово, Тетово, Велес, Битола и Кавадарци, конечно воздухот е прочистен и во граници на нормалното, односно не е загаден.

Освен во Кавадарци, кој е најзагаден град денеска со 105 милиграми ПМ честички на метар кубен воздух и Куманово со 71, на другите мерни станици мерењата покажуваат дека загаденоста е под максимално дозволените параметри.

Во Центар моменталната загаденост е 35, Карпош 29, Лисиче 19, Гази Баба само 1, Ректорат 29 и Тетово со 31 мг ПМ честички.

Изминатите месеци бевме изложени на енормно загадување, опасно по здравјето и животот, а рекрдот во негативна смисла, го доживеа општина Карпош со над 1200 мг Пм честички, за што градоначалникот на општината го обвини Косово.

Пред неколку дена град Скопје донесе мерка бесплатно возење во градските автобуси,која траеше само два дена, но и не се намали значително или воопшто користењето на автомобили.

Беа најавени и вонредни контроли на индустриските капацитети.

Дали ова прочистување се должи делумно и на тоа или сепак своето си го направи само Мајка Природа?

Ние, повеќе и веруваме на природата.

АКО.мк