Во главниот град на Грција се одржа протест против идејата на Владата предводена од премиерот Ципрас, за решавање на спорот за името со нашата земја.

Демонстрантите дојдени од сите краишта на Грција, извикуваа ,,Не го даваме името Македонија“ и ,,Македонија е грчка“. Тие и порачаа на владата дека нема да дозволат во името на нивниот северен сосед да се содржи името Македонија, кое е географска област, исто така , во јужниот дел од државата.

Протестот го обезбедуваа 19.000 полицајци.