Машката ракометна репрезентација на Македонија ја оправда фавортиската улога против Грција  и славеше победа со 27-23 , натпреварот беше одигран во Струмица.

Македонија имаше проблеми во првиот дел во кој противникот имаше водство се до финишот кога успеавме да го свртиме резултатот во своја корист  и  првиот дел да го реализираме со 13-11.

Во второто полувреме  ја одржувавме предноста, се играше  израмнето, на крајот Македонија запиша победа со четири голвои разлика, конечниот резултат 27-23.

Најефикасен во нашиот состав, Кире Лазаров , Талески и Пешевски со по  5 голови, голманот Митревски натпреварот го заврши со 11 одбрани. Кај поразената селекција, голманот Буковинас имаше 14 одбрани.

Со оваа победа , Македонија е прва во Групата 3 , позиција која ќе ни донесе  поволност при ждрепката за ЕП 2020 година кое ќе се одржи во Австрија, Норвешка  и Шведска во јануари следната година.