Македонската ракометна репрезентација нема пораз од азиска селекција на  натпревари со официјален карактер. За воља на вистината немаме одиграно многу натпревари со слекции од Азија, досега само три и на сите три сме победиле, против Саудиска Арабија, Иран и Јужна Кореа. Јапонија е четврта азиска селекција со која се среќаваме на Мундијалите  и Македонија очекува нова победа. 

Интересно е тоа што , Македонија само еднаш загубила на воведниот натпревар на Светските првенства, тоа се случи во Хрватска пред десет години кога бевме поразени од Тунис со 24-25. Статистиката не фаворизира против Јапонија  а покрај тоа  и квалитетот е на наша страна, победата е единствената опција денеска против Јапонија.