Македонската машка ракометна репрезентација со пресврт ја победи Турција 25-26 и обезбеди петто ЕП во низа .

Покажавме дека нешто не функционира со оглед на фактот дека на полувреме губевме со два разлика.

Важна е победата и пласманот на ЕП следната година, но предупредува слабата игра со многу осцилации.

Кирил Лазаров со седум погодоци и Филип Талески со пет гола беа најефикасни во македонската селекција.

Ни преостанува уште натпреварот против Грција в недела во „Парк“ во Струмица, со победа ќе бидеме први во групата.