Македонија против аутсајдерот Јапонија ги започнува натпреварите на Мундијалот во Германија и Данска

Пишува: Бранко Илиевски

Македонската ракометна репрезентаци против Јапонија ја бара првата победа на Мундијалот во Германија  и Данска. Нашата селекција важи за голем фаворит на овој натпревар и сѐ освен победа ќе се смета за изненадување. Против Јапонија играме за првпат  и победата не би требало да биде доведена во прашање. Натпреварот започнува од 15-30 часот и ке се игра во Минхен.

За Македонија ова е петто учество на завршните турнири на Светското првенство, селекторот Раул Гонзалез е шести селектор кој го  предводи националниот ракометен тим на Македонија која на Мундијалите има запишано 14 победи. Кирил Лазаров е нашиот најискусен ракометар кој ке настапи по шести пат на Светско првенство, од него очекуваме да биде лидер на националниот тим, инспиратор на помладите ракометари предводени од бисерот Филип Талевски кој има искуство на завршните турнири на големите натпреварувања.

Натпреварот против Јапонија ќе покаже во каква состојба е националниот тим, нема да биде вистински показател за капацитетот во моментов на нашата репрезентација но сигурно е дека ќе најави со што во моментов располагаме како екипа по срамниот пораз од Грција во квалификациите за ЕП.

Во нашата група , покрај средбата Македонија – Јапонија, денеска се среќаваат  и Исланд – Хрватска што е дерби во првото коло во групата Б, последниот меч се игра меѓу Шпанија и Бахреин.

Група Б – прво коло :

Македонија – Јапонија 15-30ч. ( пренос на МТВ 1  и Аренаспорт 1 )

Исланд – Хрватска 18-00ч. ( пренос на МТВ 1 )

Шпанија – Бахреин 20-30ч.