Македонската амбасада во Канбера меѓу најголемите должници за погрешно паркирање

Австралискиот весник ,,Canberra times“ во текст со наслов ,,Листа на срамот: Кои амбасади најмногу должат за погрешно паркирање“, објавува листа на амбасадите во Канбера кои направиле најмногу сообраќајни прекршоци и истовремено се најголеми должници за погрешно паркирање.

Македонската амбасада се наоѓа на 12 место од листата должници со 15 сообраќајни прекршоци за лошо паркирање оваа година и треба да плати казни во износ од 2.144 австралиски долари.


Ако се изземе првата ставка , руската амбасада е најнедисциплинирана во Австралија.

Chart
Unknown Embassy259$ 42,213
Russia173$ 22,761
Egypt107$ 12,609
Slovakia57$ 6796
Ghana33$ 4724
Jordan30$ 3968
Romania30$ 3774
Afghanistan23$ 3119
Samoa25$ 3071
Hungary26$ 2756
Morocco16$ 2322
Macedonia15$ 2144
Syria16$ 2131
Nepal15$ 2074
Nigeria17$ 1861
Sri Lanka15$ 1783
Tonga13$ 1755
Poland14$ 1301
India10$ 1186
Greece8$ 902
China4$ 800
Timor-leste7$ 797
Cambodia5$ 762
Iran4$ 655
Papua New Guinea1$ 634
Bangladesh4$ 628
Sudan3$ 624
Chile3$ 617
Pakistan5$ 530
Fiji4$ 503
Zimbabwe4$ 496
Malta4$ 454
Lao4$ 451
Canada2$ 437
Brunei4$ 386
Austria3$ 353
Britain3$ 339
Iraq3$ 314
New Zealand1$ 304
Thailand1$ 270
Philippines2$ 257
Kenya2$ 253
Mongolia2$ 240
Venezuela1$ 154
United States of America1$ 142
Ethiopia1$ 131
Bosnia and Herzegovina1$ 120
Qatar1$ 117
Tunisia1$ 113
Germany1$ 106
Korea1$ 106
South Africa1$ 104
France1$ 100
Sweden1$ 100
UN Refugee Agency1$ 100
Japan1$ 96
Spain1$ 67
Total991$ 135,910.00

Египетската амбасада на приемер, до 2015 година ги плаќала сите казни на своите вработени, но отогаш само на службените дипломатски возила,  а службениците кои имаат свои возила со дипломатски таблички се должни сами да ги подмират казните.
Законот беше променет пред две години, па за првпат дипломатите кои прекршиле сообраќајно право или не почитувале правила за паркирање, доколку одбијат  да ги платат казните, може да ја изгубат дозволата за визење.

Медиумот пишува дека имало поплаки заради однесувањето на  дипломатите кои го попречувале спроведувањето на законот во минатото. Документите објавени во 2016 година откриле бројни прекршоци.

Еден саудиски дипломат возел над 135 км / ч во 02:00 наутро, а потоа при увидот имал проблеми со полицијата.

Друг саудиски дипломат бил фатен како возел над дозволеното, наместо 80, 107 км на час. Сите се обиделе да ја избегнат казната и се расправале со полицијата, пишува Канбера тајмс.