Македонска државјанка загина во сообраќајка во Хрватска

Во тешка сообраќајна несреќа рано утрината загина македонска државјанка, соопшти хрватската полиција.

Автомобилот со германски регистарски ознаки се првртел на покривот. Жената која седела на совозачкото седиште, 47 годишна македонска државјанка, загинала на местото на несреќата, а возачот, исто така од Македонија, не е повреден и одбил лекарска помош.

Несреќата се случила во крај местото Окучани, бродско-савска жупанија.

Foto: Dino Stanin/PIXSELL