Македонскиот дизајнер Славче Таневски на саемот за автомобили во Женева, пред светската јавност премиерно го претстави своето ново дело, Mercedes-Benz CLA Shooting Brake

(9 min и 49 секунди од видеото)

Интересно е што својата презентација ја почнува со своите први цртежи само од 2-годишна возраст, кусо објаснувајќи ги своите визуализации за автомобилите.

Инаку, тој е еден од најмладите членови на врвниот тим на дизајнери на Mercedes-Benz каде досега самостојно креираше неколку модели за најстариот автомобилски бренд во светот.

На официјалната презентација претставени се и освежениот GLC, како и новиот Mercedes-AMG GLE 53 и нови дополнувања во семејството EQ на електрични возила на Mercedes-Benz