Македонскиот документарен филм „Медена земја“, на режисерите Љубо Стефанов и Тамара Котеска, синоќа триумфираше на доделувањето на наградите на најпрестижниот фестивал на независен филм „Санденс“. Подигнувајќи , продуцентот Атанас Георгиев упати апел да се реши проблемот со загадениот воздух. Публиката ги награди со долготраен аплауз нашите претставници, кои мораа трипати да се качат на сцената.
Македонскиот документарец „Медена земја“, освои три награди на најголемиот американски фестивал на независен филм Санденс, меѓу кои и Главната награда од жирито во програмата Светски филм за документарци, Специјалната награда од жирито за влијание за промена за Котевска и Стефанов, како и Специјална награда за камера за Фејми Даут и Самир Љума.