Македонскиот фудбалер Музафер Ејупи брутално претепан во Хрватска заради паркинг место

Хрватскиот фудбалскиот клуб Славен Белупо, на Фејсбук објави фотографии од нивниот играч, македонскиот фудбалер Музафер Ејупи, кој бил брутално претепан во Копривница.

Како што соопшти овој фудбалски клуб кој се огласи по два дена од инцидентот, нивниот фудбалер е жртва во инцидентот, што се гледа од фотографијата.

Тие објаснуваат дека на паркинг во Копривница дошло до кавга меѓу Ејупи и уште едно лице државјанин на Северна Македонија од една страна и 53 годишен човек заради паркинг мсто, по што 53 годишното лице зело метална прачка од автомобилот и му нанел тешки повреди на нивниот фудбалер, но и на неговиот пријател.

Тогаш Ејупи во одбрана му ја одзел прачката и му вратил со иста мера.

Полицискиот извештај е сосема спротивен од соопштението на фудбалскиот клуб Славен Белупо. Во официјалното соопштение се тврди дека Ејупи го нападнал непознатото лице со тврд предмет и му нанел тешки телесни повреди, по што бил приведен.