Македонските деца меѓу најнеписмените во светот!

Фрапантни и поразителни податоци за македонското образование. Светска Банка во последниот извештај објавува и резултати од тестирање на посменоста на децата од 72 земји. Македонија е на скандалозното 68 место според писменоста на децата.

Тоа значи дека според Програмата за меѓународно оценување на учениците на ОЕЦД (ПИСА) тестот, спроведена во 72 земји, Македонија е на 68 место, според квалитет на образование,описменетост, читање и познавање на математиката.

– Полошо од децата во Македонија, читаат само децата во Косово и во Доминиканска Република – рече Бојан Шамбов, економист од канцаларијата на Светска банка во Македонија.

Според направеното истражување, две третини од учениците на 15- годишна возраст во Македонија се функционално неписмени по секој тестиран предмет, односно покажале лоши резултати, како во читањето, така и во пишувањето, математика, наука и разбирање.