Македонските државјани во Србија само со негативен тест за Ковид 19

Србија воведува нови мерки за Македонија, Хрватска, Бугарија и за Романија за влез на нејзина теритоеија.

Од утре сите македонски државјани кои сакаат да влезат во Србија ќе мора да покажат негативен тест за Ковид 19, во спротивно нема да бидат пуштени.

Патниците кои доаѓаат од овие земји, а имаат српско државјанство, немаат ваква обврска на граничните премини.

Одлуката важи од утре 15 август 2020. Тестот не смее да биде постар од 48 часа.