Македонските државјани од 1 јуни ќе може да патуваат во Црна Гора

Националното координативно тело за заразни болести на Црна Гора, вчера констатираше дека епидемијата на КОВИД 19 во Црна Гора е целосно под контрола и дека од 1 јуни може да се отворат границите.

Странски државјани од 24 земји, меѓу кои и од Македонија, ќе може да патуваат во оваа земја без обврска на карантин или самоизолација.

На првичниот список, која постојано ќе се ажурира, се Словенија (со 0,43 потврдени случаи на 100.000 жители), Исланд (0,88), Хрватска (2,34), Словачка (2,93), Грузија (3,83), Швајцарија (6,46), Албанија (7,12), Австрија (7,98), Норвешка (8,10), Монако (10,20), Косово (11,99), Германија (12,61), Грција (13,00), Унгарија (13,57), Данска (13,97), Литванија (14,57), Летонија (15,52), Aзербејџан (15,96), Луксембург (16,00), Боснаа и Херцеговина (16,45), Бугарија(19,82), Изрел (20,94), Севернаа Македонија (21,60), Ирска (21,96), Чешкa (22,41), Финска (23,09) и Естонија(16,06).