Освојувањето на првото место во квалификациската група, на нашата машка ракометна репрезентација и го донесе пласманот во вториот шешир за ждребувањето на ЕП.

Македонската репрезентација нема да игра против Данска, Норвешка, Словенија, Русија и Чешка во групната фаза од континенталниот собир кој на почетокот од следната година ќе се игра во Австрија, Норвешка и во Шведска.

ПРВ ШЕШИР: ШВЕДСКА, ШПАНИЈА, ФРАНЦИЈА, ГЕРМАНИЈА, ХРВАТСКА, УНГАРИЈА.

ВТОР ШЕШИР: НОРВЕШКА, ДАНСКА, ЧЕШКА, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, СЛОВЕНИЈА, РУСИЈА.

ТРЕТ ШЕШИР: АВСТРИЈА, ЦРНА ГОРА, ПОРТУГАЛИЈА, ИСЛАНД, ЛЕТОНИЈА, БЕЛОРУСИЈА.

ЧЕТВРТИ ШЕШИР: ПОЛСКА, ХОЛАНДИЈА, БИХ, УКРАИНА, ШВАЈЦАРИЈА, СРБИЈА.

Натпреварите ќе се играат во Грац, Виена, Трондхајм, Малме и во Гетеборг. Македонските ракометари посакуваат да бидат во група со Австрија со цел да добијат поголема подршка од трибините. Ждрепката за групната фаза за ЕП ќе се одржи во Виена на 28 јуни.