Во период од 14 до 20 април, во главниот град на Јордан, Аман, припадници на Единицата за специјални задачи Тигар, учествуваат на 11 меѓународен натпревар на специјални единици – KASOTC. Натпреварот се спроведува во 5 дисциплини во текот на 5 дена, со учество на тимови од 40 земји од светот. 


Во една од најсложените дисциплини TOP SHOT, која се состои од полигонско тактичко пукање со пушка, пиштол и сачмарка, со ограничен број куршуми, во краток временски период и во определен број мети (вешто, брзо и прецизно пукање), тимот од ЕСЗ го освои првото место, информираше министерот Оливер Спасовски.