Македонската хокеарска репрезентација го оствари најголемиот успех во историјата откако во големото финале славеше над Португалија со 9-3 и го освои „Девелопмент Купот“ во Фусен, Германија,  односно, неофицијалното Светско првенство за земји кои немаат затворена хокеј арена.

Како и во  полуфиналето со Андора, Македонија тргна робусно уште на самиот старт и победникот беше решен уште по втората третина во која нашите хокеари имаа предност од 7:1.

Покрај Македонија која стигна до биланс од пет победи на пет одиграни натпревари, на овој турнир учествуваа уште и селекциите на Португалија, Ирска и Андора.