Македонското здравство најсмртоносно во Европа

Последниот немил настан во кој во Штип почина трудница за жал уште еднаш потврди дека здравството водено од ВМРО-ДПМНЕ во последните десет години стана едно од најсмртоносните во Европа-реагираат социјалдемократите.

Условите во здравството водено од Никола Тодоров, кој по професија е послушник и соработник на Никола Груевски, години наназад се најлоши во Европа. Македонија има најголем број на смртност кај новороденчиња и таа е три пати поголема од европскиот просек.

Додека ги полнеа паролите секој да има трето дете, ги празнеа буџетите во здравството грижејќи се единствено за богатење на мала група луѓе. Нивниот коруптивен начин на владеење направи жените во дури 40 општини да немаат матичен гинеколог. Во цели градови како Ресен, Крушево, Валандово и Крива Паланка не се вршат породувања во болниците. Додека се смеат на шегите на нивниот коалиционен партнер Амди Бајрам, во неговата општина каде што влеадее неговиот син, во Шуто Оризари, дури 8000 жени се оставени без матични гинеколози. Неможејќи да ги поднесат реформите на Груевски и Тодоров секоја година над 200 доктори неповратно ја напуштаат Македонија.

Груевски и Тодоров десет години ги казнуваа граѓаните со здравство кое убива. Десет години го малтретираа здравствените работници, им забрануваа протести, ги казнуваа, ги притвораа ги натераа да си заминат од своите домови. Но за двaeсеттина дена граѓаните предводени токму од докторите ќе ја испорачаат казната до Груевски и Тодоров, за никогаш да не дозволат некој Груевски или Тодоров да решаваат кој ќе живее а кој ќе умира-се вели во соопштението од оваа партија.