Македонците во Албанија не се Бугари

Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција реагира на обидите да се бугаризира македонското малцинство во Албанија.

Тие уште еднаш потенцираат дека малцинството што живее на овие простори е македонско малцинство официjално признаено во Преспа , но не  не и во регионот на Голо Брдо и Гора. Македонците во Албанија не се  Бугари и никогаш не биле. Во Албанија живее македонско , грчко, српско-црногорско, влашко, ромско, босанско и египетско малцинство и напорите за признавање на непостоечко бугарско малцинство во Албанија го сметаме како фалсификат на историјата и на вистината. Во Албанија нема бугарско малцинство. Tакво малцинство има во главите на бугарските официјални лица во Софија кои продолжуваат со антимакедонизмот како официјална политика за негирање на македонскиот народ.

Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција Прогрес-Извештајот на Албанија за интеграција на Република Албанија во Европска Унија одобрен од Европскиот Парламент во делот каде се бара признавање на бугарското малцинство во Преспа, Голо Брдо и Гора го смета како сериозно кршење на меѓународниот закон, Универзалната Декларација на човековите права и слободи, геноцид над македонскиот народ и злосторство над човештвото.

Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција бара од Бугарија да не измислува бугари таму каде што не постојат, туку да го признае македонското малцинство во Бугарија. Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција бара од Брисел да не ги злоупотребува Македонците од Албанија и да не ги наметнува како пречка на патот на Албанија во процесот за Интеграција во Европската Унија-се вели во соопштението на Алијанса зе европска интеграција, партија на македонското малцинство во Албанија чиј претседател е Едмонд Темелко.