Македонците на Флорида треба будно да ги следат препораките за евакуација заради ураганот ,,Ирма“

Македонскиот амбасадор во САД, Васко Наумовски, на својот ФБ профил објави нформација за македонските државјани во Флорида

Ураганот “Ирма” се очекува да ја погоди сојузната држава Флорида веќе во сабота. Ги молиме сите македонски државјани кои живеат во регионите за кои е најавено дека ќе бидат најсилно погодени од ураганот да ги следат насоките на локалните власти, и доколку постои препорака или наредба за евакуација – да се евакуираат во најкраток можен рок. Откако ураганот ќе пристигне – екипите за помош нема да бидат во можност веднаш да ви помогнат.

Доколку престојувате во засолништата управувани од FEMA или друга државна агенција, ве молиме известете ги надлежните во соодветното засолниште дека сте македонски државјани, за да добиеме конкретни податоци за вашата состојба.

Телефонскиот број за итни случаи за ураганот “Ирма” е:

1-800-342-3557

Со цел да го лоцирате најблиското засолниште до вашата местоположба, испратете смс порака со содржина “shelter” и вашиот поштенски број (zip code) на тел. број:

4-F-E-M-A or 4-3-3-6-2

Повеќе информации за засолништата, подготовките, препораките, достапното сместување и последните проекции за движењето на ураганот може да се најдат на:

http://www.floridadisaster.org

Контакт телефонските броеви во македонската амбасада во Вашингтон се:

202-390-7418 (мобилен – 24 часа)
202-667-0501 (фиксен /landline)

(ФБ статус на македонскиот амбасадор Васко Наумовски)