Македонци се истепаа во црквата ,,Св.Димитриј Солунски“ во Спрингвал-Мелбурн(видео)

На неделната литургија, верниците се скараа, кошкаа и тепаа во црквата ,,Св.Димитриј Солунски“ во Спрингвал во близина на Мелбурн, известува порталот Фаланга.
Недоразбирањата меѓу македонските иселеници во овој дел на Австралија и управата на црквата траат подолго. Се расправаат кој е законски застапник на црквата. Пред неколку денови верниците не можеа да влезат внатре, бидејќи по налог на Миле Талески и свештеникот Јовица Симоновски кои се под управа на МПЦ и владиката Петар, ги смениле бравите на вратите. Борбата за сопствеништво и владеење со имот на црквите меѓу македонските иселеници и Владиката Петар, кој е надлежен за австралиско-новозеландската епархија трае со години.