Макрон: Нападот на Сирија е одмазда, а не воен чин

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека нападот во Сирија што го извршија Франција, САД и В. Британија е чин на одмазда , а не воена акција.

Тој тврди дека овие земји дошле до доказ дека владата на Асад го извршила последниот наводен хемиски напад врз цивили.

Макрон оценува дека постои меѓународен легитимитет да се интервенира во Сирија, затоа што таму било нападнато меѓународното право,, пренесува АП.

Како што вели, Западот бил принуден да дејствува без дозвола на ОН, затоа што Русија постојано правела блокади во Советот за безбедност.

Foto> Spiegel