Макрон: Повторно ќе ја изградиме катедралата Нотр Дам

Францускиот претседател, Емануел Макрон, беше покрај катедралата Нотр Дам во Париз, во најтешките моменти кога таа гореше.

Пожарот е ставен под контрола, а Макрон изјави дека целата своја енергија ќе ја вложи во повторната изградба на оваа катедрала:

,,Ви ветувам, катедралата повторно ќе ја изградиме. Ќе ги вложиме сите нашу ресурси. Ќе ги собереме најголемите експерти и повторно ќе го изградиме нашиот симбол“-рече Макрон.

Претходно министерот за внатрешни работи на Франција дека голема среќа во оваа несреќа е што е спасена основната конструкција на осум вековниот симбол на Франција.

Сѐ уште не се знае вистинската причина за огромниот пожар и дали се спасени непроценливите богатства кои се наоѓаат во неа.