Максим Димитриевски објави видео од нападот на семејната веселба

Почитуван поранешен колега советник г. Петковски, ве гледам и самиот се чудам како изнесувате лаги и невистини и самиот станавте маша на криминогениот режим, искрено ве разбирам, мора да дадете отчет за тендерите и услугите кои што вашата фирма ги врши за јавните и државни институции-напиша на својот ФБ профил пратеникот на СДСМ Максим Димитриевски по прес конференцијата на советникот на ВМРО ДПМНЕ Драган Петковски во општина Куманово . Петковски побара МВР и обвинителството да преземат мерки против , како што го нарече, ,,насилникот“ Димитриевски за да не го повтори делото.
Димитриевски продолжува на својот ФБ профил:

,,Веќе четврти ден трае обидот за монтажа на насилство и дело со кое жртвите ги претворате во злосторници, типично нешто за оваа власт.
Ве разбирам и Вас, но и насилниците кои што не нападнаа на мојата семејна веселба, вие само одработувате и се одолжувате на претпоставените.
Бидејќи СВР Куманово работи пристрасно и монтира случај веќе четири дена, има реален проблем да ги најде насилниците, а во континуитет не ги зема  предвид нашите пријави, еве во интерес на јавноста ќе ви ги посочам и јавно кои се насилниците, кои што вечерта ја направиле оваа фотографија, татко полицаец и син, луѓе кои што сакаа да не линчуваат, за жал тие се само инструмент (има тука и луѓе кои беа коректни).


,,На видеото јасно се гледа како таткото насилник удира колега од безбедност и континуирано со синот насилник насрнуваат на нас, не само што не нападнаа и ни ја растурија веселбата, да биде срамот поголем, се тегнеа и влечеа со жени и останатите гости, а на сето тоа нивните колеги од СВР Куманово ги пуштија да си заминат.
Не сум изненаден, на вакви монтажи се жалат многу граѓани, многу невини лица се неправедно монтирани, обвинети и санкционирани од овој систем поради ставот да бидат различни од вас “патриотите”-пишува Димитриевски на ФБ.


,,Добро е што оваа ми се случи на мене, еднаш за секогаш да го расчистиме криминогениот апарат во МВР којшто под плаштот на партизацијата го згази професионализмот, искрено жалам за лошите чувства на моите гости како и персоналот, но ветувам борба за одговорност на сите инволвирани.
Вие лажните патриоти го згазивте и урнисавте историското име на ВМРО, го поделивте народот и ќе одговарате за тоа.
Ние “предавниците” ќе го вратиме и конзервираме за да не може друг како вас да се дрзне и да го злоупотребува за криминал, узурпација на државата и лично богатење.
Јасно е дека режимот пукна, прашање на време е кога целосно ќе се распадне, не манипулирајте со платформи тие се во функција на ваша одржливост“-пишува Максим Димитриевски, пратеник на СДСМ.