Малезискиот авион е урнат со руски проектил

Новата меѓународна истрага открива дека авионот соборен на украинска територија во 2014-та, бил погоден од ракета, транспортирана од Русија во Украина, објави Глас на Америка.

Новите откритијата ја потврдуваат претходната истрага од Холандската комисија за безбедност на воздушниот сообраќај, која заклучи дека малезискиот авион бил погоден од руски проектил „Бук“, тврдење што тогаш беше отфрлено од Русија.

Истражителите велат дека постои цврст доказ, дека територијата од која бил запален прокетилот била контролирана од проруски борци.

Русија тврди дека нејзиниот радар докажува оти никаква ракета не била лансирана од територија, управувана од проруски сепаратисти во Украина.

Извор: Глас на Америка