Малолетници брутално го претепале поранешниот британски мабасадор во САД Кристофер Мајер

Сер Кристофер Мaјер, поранешен британски амбасадор во САД, е примен во болница со тешки повреди.

Како што информираше лондонската полиција, тој бил брутално претепан во лондонската метро станица, Викторија.

Баронесата, Кетрин Мајер, сопруга на 74-годишниот британски дипломат, за медиумите изјавила дека повредите изгледаат како здобиени во воени услови.

За нападот се уапсени двајца малолетници, 15 годишно девојче и 16 годишно момче.

Тие се приведени под сомнеж дека го нападнале и брутално претепале Кристофер Мајер.

Иако видливи, повредите не се опасни по живот, пишува АП.