Малолетничките од Неготино ќе одговараат кривично за тепањето на соученичка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе Известување до Основното јавно обвинителство против три малолетни лица на возраст од 13, 14 и 15 години сите три од Неготино, ученички во Основно училиште “Гоце Делчев” во Неготино поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, казниво по член 386 став 2 од КЗ на РМ.

Малолетничките кривичното дело го сториле во два наврати на 11.04.2018 година при што физички нападнале 14 годишна ученичка од истото училиште и нанеле телесни повреди. Во врска со истиот настан поднесена е и кривична пријава против Р.А.(31) од Неготино поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353 в став 1 од КЗ на РМ. Имено пријавениот на 11.04.2018 година, на работното место обезбедување на училиштето од агенција за обезбедување “SOS”, не ги извршувал дејствијата за кои бил должен да ги извршува.