Малчески: Лицемер еден, ти ќе си се жртвувал, оставка!

,,Лицемер еден ти ќе си се жртвувал!

Затоа дедо Панче го остави на цедило, не ни праша дали му треба нешто? Човекот пари за адвокат немаше!
Затоа Едмунд е оставен на цедило, не си се јавил да прашаш дали и треба нешто на фамилијата?
Затоа Игор и многу други ги остави на цедило и ги прогласи за насилници?

Сите тие луѓе и многу други ти веруваа, ти ги продаде само да си ја спасиш кожата! Со плачење по телевизии ништо не можеш да постигнеш сега! Те уништи твоето лицемерие!

ОСТАВКА!“-реагираше еден од поранешните припадници на ВМРО ДПМНЕ, Самоил Малчески, по вчерашната изјава на Груевски. Тој рече:

,,Ако сакаат да се пресметуваат со ВМРО-ДПМНЕ, ние сме тука. Мене нека ме уапсат, колку сакаат нека ми дадат години, доживотен затвор ако сакаат нека ми дадат, раководството нека го уапсат, нека не гонат луѓе кои во емоција влегле и грешиле, истакнува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во вечерашното гостување на телевизија Алфа.

Во исто време ослободуваат убијци на пет деца, да ослободуваат тешки криминалци осудени на многу години затвор и да глумат дека во државата има правда. Во исто време и да соработуваат со најголемите дилери во државата за да ги искористат во изборни цели, да ослободуваат 1.050 криминалци, затвореници, поголем дел од нив за тешки телесни повреди. Раната на челото на Заев, за која сочувствувам, не боли повеќе од раната која му ја направиле тие 1.050 луѓе кои ќе излезат на кој друг. На што личи ова што се случува во државата, вели Груевски.

-Тие беа понесени од емоцијата, беа понесени од желбата да помогнат на Македонија, да не се крши Уставот, да не и се случува на Македонија, тоа што ќе и се случи. До што дојдвме, човек што потегнал за коса некого да го осудат четири години затвор, каде во која држава се осудува на четири години затвор човек кој што кубел некого за коса, изјави Груевски.

Тој потенцира дека казната е премногу сурова и дека тие како партија излегле кога виделе што се случува.

-Ние сме за тоа да има правда и да има санкции за тие што ќе сторат одредени прекршоци и затоа излеговме на 27 април со таков став. Меѓутоа, во меѓувреме се случува нешто друго. Најголемите криминалци во Македонија се ослободија во првите три месеци откако СДСМ дојде на власт. На слобода е Красничи, кој што имаше кривични дела поврзани со изборно насилство, не се сеќавам точно што, полнење кутии итн.Се ослободи Бајруш од Куманово, тој имаше еден куп обвиненија и пресуди, изјави Груевски.

Тој напомена дека се ослободени дилери на дрога, кои што биле во затвор или притвор, тие се закануваа на кандидати за градоначалници. Тој спомена и дека има најава дека ќе биде закон со кој ќе бидат ослободени од затвор тешки криминалци и праша зошто тогаш да одговараат овие луѓе од 27 април.

-Убијци на пет деца, сурово, ладнокрвно убиство се ослободуваат, а луѓе кои беа понесени од емоции за кубење коса ќе ги осудуваат четири години затвор. Тоа е желба да се уништи секој што сака да си ја штити и брани државата, изјави Груевски.“