Најефикасниот на средбата со Хрватска, Дејан Манасков, изјави дека една од причините за поразот од Хрватите е „кратката“ клупа и малиот број на играчи во ротација, треба да сочекаме помладите да добијат на искуство смета Манасков: 

Одигравме максимално, тука нема никакви дилеми , објективно ова се нашите можности, немаме играчи за ротација, младите треба да созреат  и ке добиеме на квалитет, со шест играчи не се игра на едно вакво првенство – изјави Манасков.

Македонија во среда се среќава со европскиот шампион Шпанија која важи за голем фаворит на оваа средба.