Мандатот за состав на Влада во рацете на Груевски

Претседателот на РМ Ѓорге Иванов, денеска (09.01.2017) во 13 часот ќе му го врачи мандатот за состав на Влада на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

По доделувањето на мандатот, мандатарот има 20 дена да состави мнозинство и до Собранието да состави програма за работа на владата. Потоа, владата треба да биде изгласана од Собранието, за што е потребно мнозинство од пратениците.

Доколку мандатарот не успее во законскиот рок да обезбеди мнозинство, мандатот му се дава на втората партија по бројот на освоени гласови. Доколку и тој не успее да формира влада, треба да  бидат распишани нови избори, кои можат да се случај најрано шест месеци од последните, во случајов тие би се одржале заедно со локалните во мај или во јуни.