Маневски: Со азилот Унгарија на Груевски му гарантира заштита до крајот на животот

Михајло Маневски, поранешниот министер за правда од претходната власт, за „Фактор“ вели дека унгарските органи веќе позитивно одлучиле да го прифатат барањето за азил на поранешниот премиер Никола Груевски.

– Според она што го велат медиумите, одлуката во Унгарија е донесена. Од мое искуство тврдам дека таа може да биде само позитивна, бидејќи се носи за релативно кус период – изјави поранешниот владин соработник на Груевски.

Тој додава дека не постојат правни лекови да се врати Груевски назад и да ја одлежи затворската казна од две години, односно да се соочи со преостанатите обвиненија, бидејќи Унгарија со таа конечна одлука му гарантира заштита до крајот на животот.

– Единствено можеше да се направи нешто доколку Министерството за правда реагираше побргу со барањето за екстрадиција, но не ми е јасно зошто толку бавно се подготвува овој документ и еве колку што следам, истиот уште не е испратен. Роковите се пробиени и тамошните служби не би требало да го земат тоа предвид штом ќе пристигне – вели Маневски за Фактор.мк.

Михајло Маневски неговата сопруга Филимена се блиски куќни пријатели со мајката на Груевски.