Манифест на ВМРО ДПМНЕ за единствена Македонија

Антонијо Милошоски, Никола Попоски и Илија Димовски, членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска промовираа Манифест за единствена Македонија, како што велат, за да не води кон ВИЗИЈАТА за нашата држава која:

  • Претставува Единствена матична земја на Македонците, каде обединети живеат со сите граѓани кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите народи,
  • Им припаѓа подеднакво на сите свои граѓани без разлика на потекло, религија, мајчин јазик, а преку неа тие ќе се здружат со сите балкански народи во рамки на Обединета Европа,
  • Ја одржува историската врска со македонската дијаспората како нераскинлив дел од нашата нација,
  • Ја истакнува македонска традиција на соживот и сплотеност во различностите, што не е слабост, туку богатство кое вреди да се негува и кое не води напред. Помагањето и солидарноста за сите кои имаат потреба, било да се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци или други, е наша заедничка одлика. Тоа не прави луѓе, пред се.
  • Дава исти права и бара исти обврски од сите, а успехот и среќата во животот зависат од способноста на секој човек поединечно.
  • Владеењето на Правото го смета за основен предуслов за успех на државата и поединецот во неа.
  • Има отворена пазарна економија, каде се поттикнува секој – не да учи само за диплома, туку да стекне знаење, да развива способности, како и да иновира и превзема ризик, а со тоа и да успева да го реализира сопствениот сон. Колку повеќе граѓани со таков капацитет, толку поуспешна држава.
  • Негува добрососедство и непроменливост на граници со сите околу нас, бидејќи истото е предуслов за мир и просперитет.
  • Нагласува дека стабилноста на Република Македонија е предуслов за стабилноста на цел регион,
  • Памети кому сме му помагале во тешки моменти.
  • Гради иднина базирана на почитување на човековите права, вклучително и право на самоидентификација. Тие што го кршат ова право, не можат да ни го земат.