Манџукиќ оди во Кина?

Откако Гонзало Игуаин дојде во Јувентус, Марио Манџукиќ има се помала минутажа.

Фактот дека тренерот Масимилијано Алегри во стартните единаесет повеќе го одбира Дибало отколку него, е мотив повеќе хрватскиот напаѓач се почесто да размислува за заминување.

Според пишувањето на торинскиот весник „Ла Стампа“ кинескиот Шангај Шенхуа подготвил четиригодишен договор вреден 32 милиони евра.

Ако дојде до трансферот Манџукиќ би им се придружил на Обафеми Мартинс, Фреди Гуарини и на Ба, додека во кинеската лига веќе играат Хулк, Лавеци, Рамирез …