Марадона ќе биде претседател, директор и тренер на Динамо од Белорусија

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот Диего Армандо Марадона, потпиша тригодишен договор со белорускиот прволигаш Динамо од Брест. Интересно е што легендарниот Аргентинец следните три години во тој клуб ќе биде речиси се – претседател, спортски директор, тренер, па дури и сосопственик, бидејќи доби 20% од акциите на клубот.

Динамо на Твитер објави дека во клубот пристигнува Марадона и дека за него бара возач кој познава шпански јазик.

Марадона во Белорусија пристигна од Обединетите Арапски Емирати каде што го водеше Ал-Фуџира без многу успех. Во тренерската кариера 57-годишниот Аргентинец Мандиу де Кориентс, Расинг, Аргентина, АЛ Васл и Фуџира.

Марадона ќе започне со својот ангажман во Брест по завршувањето на СП во Русија.