Мареј го освои турнирот во Шангај

Британецот Енди Мареј е победник на Мастер турнирот во Шангај, Кина, откако денеска во финалето го совлада шпанскиот тенисер Роберт Баутиста-Агут со 2:0.

Во меч кој траеше еден час и 37 минути првиот сет заврши 7:6, во тај-брејк 7:1, додека во вториот Британецот убедливо го совлада својот противник со 6:1.

За второпласираниот на светската ранг листа ова беше 41 АТП трофеј, трет во Шангај, шести оваа сезона и 13-то од Мастер серијата.

Турнирот се играше за награден фонд од 5,45 милиони американски долари.