Марин Ле Пен ветува излегување на Франција од ЕУ

Лидерката на крајно десничарскиот Национален фронт, чиј кандидат за претседател е на претстојните претседателски избори во април, ветува дека ако победи, ќе ја извади Франција од Европска Унија.

На почетокот на својата кампања, Ле Пен се обврза да организира референдум за напуштање на ЕУ, но и да го врати францускиот франак како национална валута.

Таа најавува дека ќе ја напуштат како земја интегрираната команда во НАТО и дека ќе воспостави сопствена одбрана на своите гранци.

 

Марин ле Пен, која на почетокот од претседателската кампања во Франција води на анкетите, најавува дека ќе има 0 толеранција за деликвенти, бескомпромисна борба со тероризмот и враќање на француските културни и идентитетски вредности.

За неа е неприфатливо молењето и религиозното клањање на француските улици, како и покривање на главите и лицето.

Нејзини противкандидати ќе бидат социјалистот Беноа Амон и десничарот Франсоа Фијон.