Мартин Шулц официјално противкандидат на Меркел

Пораенешниот претседател на Европски парламент Мартин Шулц едногласно е избран од партијата СДП за кандидат за канцелар на Германија. Тој воедно е и противкандидат на актуелната канцеларка Ангела Меркел на претстојните избори.

Пред пповеќе од 1000 луѓе во седиштето на Социјалдемократската партија, Шулц вети намалување на разликите во земјата, праведна даночна политика и еднакви бенефиции за населението во руралните места со оние во големите градови.

Ја повика Европа на поголема солидарност со мигрантите, а унгарскиот премиер Орбан и неговата политика кон ова прашање ги нарече срам за Европа. Тој исто така ставовите на американскиот претседател Доналд Трамп за мигрантските прашања ги оквалификува како неприфатливи.

Парламентарните избори во Германија ќе се одржат на 24 септември.