Масовна гробница во Мосул

Во близина на Мосул ирачката војска пронајде масовна гробница со 100 обезглавени тела. Гробницата е откриена во земјоделското училиште во местото Хамам Ал-Алил, која беше под контрола на групата Исламска држава Ирак и Левант.

Најавено е дека од Багдад ќе дојде форензички тим за да ги идентификува телата, пренесува АП.

ИСИЛ изврши повеќе масакри на северот и во централните делови на Ирак во летото 2014, а масакрите често ги снимале и ги објавуваа на интернет.