Масовна евакуација на цивили од Алепо

Евакуацијата на цивили од разурнатиот сириски град Алепо е прекината откако се слушнале експлозии во источниот дел на градот.

Бунтовниците наведуваат дека војската лојална на Асад продолжила да гранатира некои делови.

Од друга страна руското министерство за одбрана објави дека бунтовниците ги продолжиле нападите врз легалната војска во Сирија и покрај примирјето. Според руската страна, војската продолжува со операциите за да ги истисне целосно бунтовниците од градот.

 

Репортерот на Ал Џезира јавува дека е одложена евакуацијата на 70 ранети кои треба заедно со членовите на нивните семејства да го напуштат градот и да бидат згрижени на сигурни места.